Дрвомак - Битола

Дрвомак Дрвомак - Битола е семејна фирма која изработува градежна столарија три генерации. Повеќе од 60 години во нашите производи го вложуваме нашето искуство и вештини.

Со внимателно избирање и селектирање на материјалот, како и со употреба на најдобрите машини за изработка на современа столарија, ние ги задоволуваме различните вкусови и потреби на нашите клиенти. Нашите производи се карактеризираат со модерен изглед, современ дизајн и безпрекорна функционалност. Долготрајноста и сигурноста на производите изработени во Дрвомак се во постојан подем.

Поддршката која ја имаме од нашите партнери од Саламандер од Германија како и софтверските решенија на РБ Техника од Хрватска, ни овозможуваат решение за секој проблем и да бидиме во чекор со најновите технолошки дистигнувања во светот.

Ви благодариме за довербата во минатото, сегашноста и иднината. Заедно можеме секогаш повеќе и подобро.